Предизборен јуриш на „сифилистичари“ против Македонците

Имам едно прашање од категоријата „некои прашања не заслужуваат одговор“. Вo Македонија во октомври ќе се одржат локални избори организирани и изведени од американската амбасада преку кои, по извршениот преврат со насилие (закани и уцени) и капитулација на државните институции, окупаторот ќе треба да го завладее реалниот македонски терен. Познато е дека Македонија веќе не е држава, туку окупирана територија со која управува амбасадор на подземна држава. Тоа е непобитен факт запишан во „трговскиот регистар“ на ЕУ уште во 1998 година, веднаш по изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ. Во тој регистар, Република Македонија гангстерски е спуштена од рангот на држави во категоријата територии, заедно со Палестина, Суб Сахара, Антарктик и
некои пацифички безимени островчиња кои служат за експерименти. Како таква, со инсталираната квислиншка влада, оди на локални избори на кои квислинзите (дијагностициран збир од сматоци и секакво дегенерирано политичко ѓубре) на жителите Македонци им „ветуваат“ населби за мигранти и емигранти. Секој нормален човек ова ќе го нарече самоубиствен политички потег за оние кои имаат намера легално да победат на било какви избори. Особено што планот со емигрантските населби кажува дека Црпко Заев и неговата дружина непогрешиво ги пикираат доминантно македонските општини. Но, бидејќи евнусите Црпко и Радмила не се платени за да мислат, туку да спроведуваат наредби, јасно е што планира Бејли, робовладетелот.

Има две цели: Да го накурчи македонското гласачко тело до толку за да реагира драстично. Оти, во оваа операција за населување мигранти, чудо едно, не е се опфатени и општините во кои Албанците под странски притисок станаа мнозинство по пат на промена на општинските граници. Како драстично? Па, така што ќе излезе на избори што би било нормално во нормални услови, ама тоа значи дека нема да биде ептен масовно, оти сега се уште постои голем антагонизам меѓу населението по партиска припадност што на узурпаторот му помага да ги полни избирачките кутии со фалсификувани и увезени фантомски гласови. Жерновски своевремено ги именуваше како контингенти гласови. Во ненормални услови во кои сме, нормално би било народот како суверен на Македонија, силно да ги бојкотира изборите и ниту еден Македонец да не излезе на овие избори за кои однапред се знае дека уставно и правно ќе бидат нелегитимни, оти ниту една државна институција не е слободна. Или да излезе речиси стопроцентно на гласачките места, така, да фалсификаторот да не може да пушти ниту едно лажно ливче, а да мора да спреми претходно два милиони полни кутии со фалс гласови. Што е невозможна операција дури и за гангстерите на ЦИА, па дури и за Тито Петковски.

Значи, зошто го прави ова со мигрантските населби „стратегот“ Бејли токму сега?

Ја викам логиката на помош, мислејќи со бејлиевиот исчашен предаторски мозок. Ако мнозинството ги бојкотира изборите кои се организираат од окупаторска власт, во услови на целосна цензура и узурпирани државни институции и државни функционери кои се во заложништво од цијашки терористи, на гангстеров од Кале ќе му биде ептен тешко да полни празни кутии на видливо за голо око отсуство на реални гласачи запишани во избирачките списоци. Не се плаши Бејли од Македонците и македонските политчки партии, не се плаши од судовите, ДИК и избирачките одбори, па ни од набљудувачите МОСТ и ОБСЕ или „медиумите“ кои се под негова команда. Се плаши од неевро-атланските анонимни набљудувачи кои ќе го опсервираат и документираат со снимки македонскиот терен. Секоја ваква јавна бламажа, ќе го репне по грбот токму Бејли и ќе го офира на отворена светска сцена цијашкиот калифат воспоставен во земјава. Голем е влогот. Затоа момчево смета на македонската опозиција која пржински „наивно“ ќе учествува на наместени избори и со тоа, преку македонските гласачи ќе им даде легитимност на фалсификуваните изборни резиултати.

Ситуацијата е да бираме меѓу змија и магаре. Колку што знам од пракса, Македонецот ќе го избере најлошото. Излезноста нема да биде голема или најголема како израз на гнев и протест, ниту ќе има стоотстотен бојкот за да му отежне на Бејли. Ќе биде „стандардно глупав“ избор што нема да и помогне на опозицијата, а нема да му отежне ни на Бејли. Ќе може Грингово од Кале да си ги полни кутиите со контингенти фантоми, тамам колку што му треба и нема да боде никому очи. Пошто Македонија е цијашка прчија, да немате сомнение оти и двете операции „бај д бук“ ќе бидат применети на овие и на секои други избори што ќе ги организира Бејли. МОСТ, нормално како и ОБСЕ, ќе ги набљудуваат со заврзани очи, затнати уши и залепени усти. За тоа постојат и за тоа се платени како средно богати бизнисмени (што би рекол легендарниот среднобогат бизнисмен Љ. Георгиевски). Според мене, за примена на ваквите гангстерски тактики, ВМРО-ДПМНЕ и другите пајтон партии ќе сносат дел од одговорноста што си ја нагрбачија во Пржино. Исто како и ДИК и судовите.

Имам и едно прашање на кое очекувам одговор од квислинзите и соросоидите кои себе се сметаат за демократи цивилизатори. Тоа гласи: Дали сте по идеологија ендемски прогресивно – демократски антимакедонски расисти и нацисти? Ако не сте, како ќе го објасните со аргументи вашето хистерично и оркестрирано лаење против правото на глас и гласањето на Македонците од Пустец на неколку претходни избори, наспроти правото на глас на мигрантите што ќе ги сместите во Македонија и ќе ги направите експрес македонски државјани? Зошто галамевте против давањето македонско државјанство на Македонците од Пустец, а немате ништо против експрес државјанства за свежо вселени мигранти од Азија и Африка? Зошто не ви пречат тие, а ви пречат видливо и дури отворено ги повикавте Македонците од Егејска Македонија да се вратат од кај што дошле, иако беа натерани на егзодус со напалм бомби и во испровоцирана граѓанска војна? Како тоа штедро се борите за правата на мигранти и емигранти од други континенти, а немате трошка почит, човештина за вашите сонародници и нивните основни права кои ги кршите и игнорирате и во Македонија и надвор од нејзините граници? Затоа ве прашувам, со што ќе оспорите дека сте антимакедонски нацисти и расисти? Не можете! Па, си мислам дека е време ние Македонците сами да си ставиме на рака знак на обелелжување како Евреите под хитлерова управа. Колку за да направиме видлива „расна“ разлика помеѓу македонските нео нацифашисти како генерал Тошо Атанасовски, Бранко Црвенковски, Љубомир Фрчкоски, Мирослав Грчев, Мирјана Најчевска, Јани Макрадули и Бранко Тричковски и жртвите на таквиот специфичен елитистички „лев“ фашизам, кој почна со истакнување на физички карактеристики и културо хигиенски навики или „традиции“. Знаете, идеологот на овој автодеструктивен или ендемски политички конструкт, Љубомир Фрчкоски, кој таквите Македонци ги опиша како луѓе со влакна во носот и валкани нозе на кои не треба да им се дозволи да се мешаат во политика. Ако приметувате, нема никаква разлика во вокабуларот со оној на Кју клукс клановците кон црните и жолтите, односно, кафеавите и на германските нацисти кон Евреите, Словените и Циганите. Само едните се класика а овој „нашиов“ е постмодерен нацист. Во сево ова многу ме интересира стручното мислељње на социолози, психолози и психијатри.

Дилемата ми е, ако секој жив вид има вграден механизам за рано предупредување и самозаштита од уништување предизвикано од внатре како дегенеративен процес или од надвор, како опасност од друг вид, можно ли е само Македонците како дел од човечкиот вид да се автодеструктивни дегенерици кои немаат имунолошка одбрана и не развиваат антитела кои ќе го елиминираат злоќудниот рак (дегенот Фрле е токму тоа) во рана фаза. Кај секоја заедница на пчелите (социјално организирани инсекти) структурирана од создателот, се подразбира дека секоја заразена или смртно-болна припадничка на кошницата (државата) сама се отстренува од колективитетот (народот) за да не го загрози неговиот опстанок. Инстинктивно, што е инсектски еквивалент за човечките „уставно, однсно, законски“ категории. Во македонскиов случај, нашата чумосана пчела нема таков инстинкт или свест за самата да се отстрани од колкетивитетот што го пизми до коска, туку го напаѓа кога колективитетот уште нема поставено ни дијагноза, не знае зошто се појавува и цути кај одреден вид популација која очигледно има проблеми со себе. Дали не се чувствува удобно во своето тело, во сопствената кожа, или е во длабок конфликт со своето подсвесно ЈАС, па сопствената омраза кон себе си, ја тренсферира во напад на целиот колективитет, со надеж дека ако исчезне заедницата, ќе се излечи смртно болната индивидуа? Сакам да слушнам експертски мислења. Оти Фрле и другарите му истомисленици ми личат на фрустрирани заразени од СИДА или сифилистичари кои тргнуваат во агресивен мултиплексен полов напад на што повеќе луѓе со намера да ги казнат за нивната болест.

Мирка Велиновска за Дудинка