СЈО врши притисок врз судот и спроведува политичка агенда – еве зошто и како

СЈО прави отворен и јавен притисок на судот и гради терен на меѓународната заедница да врши притисок на власта за специјално одделение и продолжување на рокот на СЈО.

Од изјавата на обвинителката и портпарол на СЈО јасни се неколку работи:

1. СЈО врши јавен и отворен притисок на судот во Македонија со цел да им ги прифаќа и оние мерки и барања за кои немаат ниту доказ, ниту елементарна основа да бидат прифатени. СЈО која во изминатиот период јасно покажа дека настапува со јасна политичко партиска мотивација и агенда не е задоволна од судот што не ги следи сите нивни барања кои немаат правна поткрепа, туку партиски мотивирана агенда.

За луѓето во СЈО е јасно дека од нив постои незадоволство од оние од кого примаат политички мотивирани инструкции, и не ги оправдуваат вложувањата кои се инвестирани во нив, а со тоа и планот каде тие се главен инструмент за рушење на ВМРО-ДПМНЕ од власт и отворање терен за доаѓање на СДСМ на власт.

Вршењето јавен притисок на судот има две цели. Прво реално судиите по почуствуваниот притисок да почнат да им ги прифаќаат барањата за кои нема никаква основа, и второ, да подготват терен за поголем меѓународен притисок над судот со цел изнудување мерки, и над власта со остварување на барањата на СЈО. Не се исклучува дека за ваквите изјави СЈО добиле инструкција од некаде.

2. Дадениот пример со лице за кои барале и не добиле мерки на претпазливост од судот, а кое лице подоцна добило работа во странство, е всушност за лице кое доби директорска позиција, позиција на прв човек во меѓународна организација за борба против криминалот и корупцијата, што само по себе укажува на репутацијата и кредибилитетот кое тоа лице го поседува на меѓународен план во правец на борба против криминалот, наспроти партиски мотивираните задачи кои ги има добиено СЈО од нивниот наредбодавац.

Значи тоа лице ќе биде прв човек, односно веќе е прв човек во меѓународна институција која се занимава со борба против криминалот и корупцијата во поширокиот регион, а не е подобно за Јанева и бара да му се одземе пасошот.

3. СЈО пред само 5-6 месеци избрка 2 обвинителки со јавно објавено образложение во кое се вели дека имаат вишок на обвинители и нема потреба ниту доволно работа за нив. Тие не посочија дека двете обвинителки кои Јанева сама ги одбра се неквалитетни или нелојални или нешто трето, туку едноставно дека немаат потреба од толку многу обвинители.

Сега се бара пролонгирање на рокот, бидејќи имало многу работа, и не можеле во рокот од 18 месеци да стигнат се да сработат.

Се поставува прашањето, зошто не ги вратат на работа двете избркани обвинителки доколку навистина не можат да постигнат. Зошто не се бара нови, дополнителни 2, 3 или 5 обвинители со кои ќе ја сработат работата на време?

Дали целта е да ја сработат работата или подолго да земаат трипати поголеми плати од обичните обвинители и да бидат подолгорочен нечии инструмент за остварување на политички цели? Ако не можеа да постигнат пологично е да побараа уште 2 или 3 или 5 обвинители и со нивна помош и полн ангажман да ја завршат работата на време. Очигледно не е во прашање времето за работа и завршување на предметите, туку времето за да се нечии политички инструмент.

4. Доколку СЈО сака да го објасни барањето за  пролонгирање со тоа што сега откриле нови предмети од слушањето на матерјалите има јасен одговор: во самиот старт знаеја колкав материјал за преслушување имаат. И повторно сега имаат можност да ги вратат двете обвинителки и евентуално да побараат плус некој обвинител.

5. СЈО е неискрена и манипулира со јавноста и кога кажува дека судот ги спречувал да добијат одредени матерјали. Тие знаат дека судот постапи по правилата и им дозволи целосен увид на матерјалот кој го бараа, но во просториите на судот. Значи, се можеа да видат и прочитаат, но не можеа да го одземат од судот и однесат во СЈО. СЈОовде игра на картата на неупатеност на јавноста, а донекаде и на меѓународната заедница.

6. СЈО не ја кажува вистината кога вели дека без снимки од телефонски разговори не отвораат случај, и дека затоа не го отвораат случајот со превозот во Струмица и Куманово каде се виде дека се плаќале воСтрумица дупли цени за превоз одколку воБитола, а во Куманово повеќекратно повисоки одколку во Битола. Имено СЈО и досега врши истраги за предмети каде нема снимки, како што е случајот со уништувањето на расходованата опрема во МВР.

За овој случај тие ниту еднаш не приложија докази до судот  дека имаат снимки врз основа на кои тие вршат активности и истраги. Значи каде им одговара се повикуваат дека немаат снимки, а каде не им одговара не приложуваат снимки до судот, и со притисок го принудуваат да им ја прифати истрагата.

7. Од изјавата на СЈО се гледа дека планираат со продоложувањето на процесот Пуч, за кој немаат избор бидејќи веќе е во судска постапка да купат кредибилитет пред јавноста, дека еве не работат само против една политичка партија (ВМРО-ДПМНЕ), туку и против СДСМ.

Всушност скриената намера во овој случај е, со продолжување на постапката ем лажно да се стекнат со кредибилитет, ем во текот на судењето да се наведе постапката дека Верушевски, Заев и нивните соработници се невини, а виновни се луѓето од власта.

За Пуч не само што не бараат мерки туку и побараа укинување на мерките, со што на целокупната јавност и стана јасно дека нема ни професионалност, ни објективност или неселективност во нивното постапување.

8. Нови простории и подоцнежен почеток

Од илјадници слободни и на понуда за издавање деловни простории воСкопје целосно спремни да примат било каква институција или компанија веднаш, без било какво реновирање и губење време, СЈОодбра простор за кој однапред знаеа дека им се потребни 8/9 месеци реновирање, за подоцна изговор за продолжување на мандатот да им бидат токму несоодветните простории и уште во врска со тоа го доведуваат употребувањето на некаков софтвер. Каква врска има софтверот со просториите? Софтверот се инсталира во компјутер, а не во соба.

Повторно обид за манипулирање на неупатената јавност и донекаде неупатената меѓународна заедница. Втора манипулација е времето. Дека почнале  подоцна заради одредени подготвителни работи. Вистината е обратна. СЈО беше избран на 15ти септември. Законот предвидуваше дека почеток на 18те месеци работа ќе биде моментот кога ќе ги примат матерјалите, иако најголем дел од нив ги имаше на сите портали бидејќи беа објавени.

Но Зоран Заев и Катица Јанева спроведоа една тактика која не им пречеше на преставниците на меѓународната заедница. Цели три и пол месеци Заев не ги доставуваше матерјалите под разни изговори, а највпечатлива беше дека немаат соодветни услови да ги примат ичуваат. Им требал сеф.

Откако Владата експресно им донесе сеф, објавија дека е несоодветен. Потоа Владата им донесе сеф-шифоњер и веќе немаа каде, па преминаа на одолговлекување од страна на Зоран Заев со разни изговори, за некаде на 30ти декември 2015та Заев да ги достави. И да почне одбројувањето на 18те месеци во кои може да се отвори обвинение. Сега во изјавата на Ристовска слушаме како изгубиле многу време во подготовки од дадените 18 месеци. Пак нечесно манипулирање со јавноста и со меѓународната заедница.

9. Конечно станува јасно за оние на кои не им беше дека штанцањето барања за мерки за претпазливост кон судот, за да го донесат во ситуација да ги одбива, беше да се создаде клима и направи атмосфера дека судот е пристрасен и потребно е специјално одделение со ,,подобни,, судии.

И навистина, со доставување на небулозни и правно непотребни барања за мерки многу е лесно да се создаде долга листа на одбиени барања од судот и со тоа да се врши притисок врз него и да се поттикне или да му се даде алиби на меѓународниот фактор да врши влијание за специјално одделение, продолжувње на 18те месеци и други барања, кои ВМРО-ДПМНЕ веќе ги отфрли.

10. Прилично неискрен аргумент е и божемното загубено време со аболицијата. Прво, СЈО за време на аболицијата не ги запре постапките кон никого, ниту правно формално со посебен акт, за што имаа законска обврска, ниту ги запре реално нивните истражни активности. Сега пак манипулираат со јавноста дека со аболицијата загуби време. Срамна е оваа нивна нечесност.

11. И конечно околу потенцирањето дека и покрај сите опструкции тие не биле фрустрирани и ќе продолжеле професионално да работат.

Прво, тие дојдоа во СЈО фрустрирани. Освен еден и до некаде два од обвинителите, сите други работеле на мали предмети до 5 илјади евра, ситни сообраќајки и слично. Во целата своја кариера не издејствувале притвор или мерки, бидејќи согласно ниската позиција и работење со случаи од мала штета не биле во таква можност. Затоа сега кога ќе издејствуваат притвор, па дури и домашен притвор сите одат на славење со многу пиење алкохол. Тоа не е ништо друго туку класична фрустрација.

Второ, сите до еден како силни подржувачи на СДСМ имаат фрустрација кон ВМРО-ДПМНЕ во која дојдоа во СЈО и си ја носат со себе. За нив не е успех ако професионално докажат за некого вина, без притисоци кон судот и манипулирање со амбасадорите со цел да им се приклучат и да им помогнат  во тие притисоци.

За нив е цел по секоја цена и со сите средства да издејствуваат притвор за некој од раководството на ВМРО-ДПМНЕ со цел да го намалат рејтингот на оваа партија и да ја донесат СДСМ на власт. Се друго за нив е неуспех, како и за нивните наредбодавци. Со обзир дека досега немаат успех во ова, тие се тројно исфустрирани во споредба со времето кога дојдоа во СЈО.