Во борба против окупаторите на Македонија!

За секој нормален човек во и надвор од Република Македонија е јасно дека моментно нашата држава е окупирана. Окупирана од американскиот фашизам со активното соучество на ЕУ и домашните предавници. Финалето на таа окупација беше објавено од американскиот поддржувач на тероризмот Бејли со забраната за вонредни парламентарни избори на 24 април.

Овие избори беа изнудени од САД и ЕУ при жесток притисок со капитулантскиот Договор од Пржино наметнат како алтернатива на провалениот македонски „Мајдан“ на 18 мај минатата година. Веќе 25 години (од самото осамостојување на Република Македонија) терористи од надвор и од внатре се обидуваат на секакви начини да ја уништат македонската држава и да ги избришат Македонците како народ.

Поткрепа за тоа тие добивале од глупи и поткупливи македонски политичари без чувство за македонска државност, за македонски идентитет, за македонски цивилизациски вредности. Затоа безбројни беа понижувањата и исмејувањето на нашата држава и народ од западноевропски и зад океански олигофрени кои немаат ни трошка од блескавата македонска историја и култура. Денес по кој пат веќе во изминатите два милениума се соочуваме со походите на варварите кон изворите на светската цивилизација во Авганистан, Ирак, Сирија и на Балканот. Пред тоа, психопатите со микимауска историја разурнаа држави како Египет, Либан, Либија и уништија историски споменици од пред 4-5000 години. На тој начин светот моментално е во почетокот на најдивата и најбесната светска војна во својата историја:

Војна меѓу досегашната светска цивилизација и каубојското варварство, која ќе одлучи за иднината на човечката раса.

Денес Македонија е окупирана земја на ист начин како во 1913 година  и во 1941 година. За жал, денешната окупација се остваруваше чекор по чекор без или со мал отпор на македонските политичари. Во суштина тие се главните виновници…