Зошто толку тешко одиме на избори?

Секој народ сака лидери – победници. Но, не само формални победници на локални и парламентарни избори, туку победници со здрав дух, со визионерство и храброст. Победоносниот дух целосно се изразува во одбраната на достоинството на нацијата и државата. Во името на државата и на националната чест народите се спремни да им проштеваат не само на слободно избраните лидери, туку и да трпат тортури врз себе.

Познати се тортурите на Мао Це Тунг во времето на т.н. културна револуција во Кина, но денес 70 отсто од Кинезите имаат почит кон него како создател и раководител на слободна држава. Истото се однесува и за Русите и за Сталин, кој победи во гигантската битка на 20-от век. Не случајно се вели: победниците не ги судат. Затоа што преку нивните победи, народите кои ги предводат исто се чувствуваат како победници. Во суштина, народот и лидерот се во симбиоза. Без лидери народите се како стадо овци.

Поврзаноста меѓу народот и лидерот важи и за македонската историја. Како целосно, така и конкретно од 1991 година до денес. Нацијата и државата доживеаја тешки порази затоа што немавме вистински лидери. Сепак, се чувствува разлика меѓу Македонија во 90-те години на минатиот век и сега. Тогаш, во почетокот по осамостојувањето имаше невиден ентузијазам, а денес има разочараност. Тоа доаѓа и од фактот што близу половина од граѓаните не сакаат да гласаат. Таа разочараност доаѓа од политичарите, од нивните дејствија со кои направија од самостојна Македонија протекторат. Но, има и друга разлика. Направете споредба меѓу Скопје и другите македонски градови од пред десеттина години и денес. Не може да ги препознаете со новите плоштади и новоградби. Тоа е исто како да ја гледаш Москва од времето на Горбачов и сегашнава, од времето на Путин. Разликата е за 180 степени.

Пред две недели кога одев на промоција на последните томови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“, двајца соросоиди ме сретнаа на улица и ме прашаа дали знам колку „тежи“ Никола Груевски. „Знам“ – им реков. Многу тежи. Тежи со  560-те томови од „Ѕвездите“, со огромните едиции „Нобеловци“, со 135 тома македонски автори на странски јазик, со 1000 тома превод на странска стручна литература. Тежи со илјада тони само проектот „Скопје 2014“ и со толку странски инвестиции. Ако денес светот се движеше според желбата на Гоце Делчев, само со културен натпревар меѓу народите, тогаш Македонија ќе беше на челно место.

За жал, никогаш досега не се жиевеело само со култура, уметност, па и со економија. Ако немаш држава и таа држава не е суверена, практично ништо немаш. Затоа луѓето се гордеат со културата, но почитуваат сила. Културата се руши од силата и може да се спаси само со сила (доволен е примерот со Палмира во Сирија). Многу пати сум кажал дека денешниот македонски народ е похрабар од своите политичари навикнати да свиткаат кичми. Поточно е ако кажеме дека тие и не знаат дали имаат кичма, затоа што никогаш не оделе исправено. На нив секогаш им било позгодно да се доживуваат, како и Македонија, како жртви. Да се гледаш како жртва е мизерно и понижувачки, но и многу профитабилно. СДСМ и соросоидите се гладаат како жртва на Груевски. Тие се марионети/богато платени од надворешните македонски непријатели и практично нивни жртви. Меѓутоа, во еден момент ќе бидат избришани од своите газди, ако пред тоа македонскиот народ не ги избрише.

Од друга страна, владејачката ВМРО-ДПМНЕ исто се смета за жртва на СДСМ и на соросоидите. Преку улогата на „жртва“ опозицијата бара странска финансиска и политичка поткрепа. Преку улогата на „жртва“ владејачката партија се правда пред народот. Затоа и наметнатата однадвор политичка криза трае веќе една и пол година. Улогата на „жртва“ може носи времени бенефиции. Во почетокот на Заевите „бомби“ рејтингот на СДСМ се беше дигнал со неколку степени. Моментно состојбата е сосема различна. Предноста на ВМРО ДПМНЕ, која секогаш била голема, веќе оди кон 3 : 1. Со што, тоа не е толку белег на сила, колку револт кај македонскиот народ од предавничката улога на опозицијата. Значи акцентот паѓа врз „НЕ“ на предавниците на името/идентитетот, а не врз „ДА“ за државничките потези на владејачката партија. Затоа и меѓу приврзаниците за опстојување на македонскиот идентитет и гласачите за ВМРО ДПМНЕ има бездна од околу 40 отсто. Затоа што таа партија практично не попушта за името, но го прави тоа флексибилно, без цврст отпор, кој не е победнички. И во целото време на кризата не покажува лидерство, а апсолутно попушта на секоја желба на странците, и на опозицијата. Така добива поени од револтот на народот, а не заради својот цврст став.

Тактиката на попуштање е опасна, затоа што во еден момент на Македонците ќе им „пукне филмот“ од сите партии. Од друга страна, постоењето на самата држава виси на конец, уште повеќе во контекстот на светскиот конфликт кој во секој момент ескалира. Во таков момент уште повеќе народот има потреба од лидери. Наместо тоа, државните институции си играат со нервите на граѓаните. Наместо да распише избори уште со распуштањето на Собранието на 7 април, Вељановски му угодува на ДИК т.е. на СДСМ и на странците, и ќе потпишел на 15 април. Тоа дава можност за калкулации и притисоци. СДСМ веќе најави дека нема да учествува на изборите на 5 јуни. Немало да учествуваат и други. Што ни е гајле? Ако прават немири, мора да бидат средени на потребното место. Ако странците се обидуваат да прават немири со нивните терористички манири –треба да се постапи со истата цврста мерка и кон нив.

Проблемот е дека поголемиот дел од сегашните пратеници на…