Командант Фљамури: Првата победа на УЧК во Гошинце ни дава сила за други големи победи

Извесен командант Фљамури во името на УЧК ја презема одговорноста за вчерашниот напад на караулата кај Гошинце, пишува Прес24.

Во прилог ви го пренесуваме целото негово писмо преведено на Македонски јазик

„Дискриминацијата и репресијата врз Албанците во Македонија стана неподнослива. Декаденцијата,  политичката неспособност, економската и културна дискриминација и социјалниот развој бараат повторно будење на УЧК.

Ги повикуваме сите службеници, особено Албанците веднаш да ги облечат униформите и да се приклучат на востанието.

Ги повикуваме на одреденото место и војниците веднаш да застанат на страната на народот а не на фашистите и олигарсите кои ќе ги однесат во смрт.

Ги повикуваме сите политички фактори веднаш да ги замрзант своите политички активности во Македонија.

Првата победа на УЧК во Гошинце ни дава сила за други големи победи.
Албанците очекуваат подобри времиња. Очекуваме поддршка од сите Албанци каде и да се“.

Комадант Фљамури

Извор: Прес24

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.