Командант Хоџа со средно образование стана советник во Владата на Заев

По неколку дена молк, Владата официјално го потврди вработувањето на Џезаир Шаќири (Командант Хоџа) како „надворешен соработник од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот, за потребите на Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија“.

-Џезаир Шаќири има времен договор со времетраење од една година, со висина на примања од 36.000 денари месечно, се вели во соопштението од Владата.

Дел од советниците кои влегоа во кабинетот на Заев, предизвикаа реакции кај јавноста, особено поради дискутабилнста на нивните капацитетите и компетенции поврзани со нивното работно место.

Така, скандалозните одлуки за советници во Владата продолжуваат, доколку се земат предвид и квалификациите на новиот советник, Шаќири, кој освен тоа што искуствено е поранешен припадник на ОВК и  Командант  во воениот конфликт од 2001 година, има средно образование. Но, веројатно според владините критериуми тоа образоване е доволно да го советува премиерот за внатрешната безбедност и борбата против радикализмот.

За новата функција Шаќири се пофали на Фејсбук. Тој напиша дека со Зоран Заев имал договор, да го ослободи Танушевци, а за возврат да добие функција, близу до премиерот.

Исто така го пофали  Заев дека бил попаметен од албанските политичари.