Командант Малишева се обидел да се самоубие?

Командант Малишева се обидел да се самоубие?
Командант Малишева се обидел да се самоубие?

Мухамед Красниќи, алијас командант Малишева, еден од лидерите на кумановската група се обидел да се самоубие во притвор, дознава АЛСАТ М од неофицијални извори.

Управата за извршување на санкции не одговорила дали ова е вистина, но Управата на затворот во Прилеп, каде што командант Малишева е во притвор го контактирала неговиот адвокат.

Разговарав со управникот тој ми кажа дека Малишева не го направил обидот за самоубиство. Јас не знам  што е за верување. Утре наутро ќе одам во затворот во Прилеп и директно ќе бидам информиран за неговата состојба, рече адвокатот Насер Рауфи.

Според непотврдените информации на телевизијата, командант Малишева се обидел да испие солна киселина. Наводно испил дел од течноста, но бил спасен.

Овој настан следува откако минатата недела обвинетите за случајот во кумановска Дива населба одбија да дадат исказ пред судија, бидејќи не им биле презентирани доказите со кои располага обвинителството.

Надлежниот обвинител од обвинителството за гонење организиран криминал и корупција прибрал дел од доказите во рамки на истрагата за расветлување на случувањата во кумановско Диво насеље на 9. мај годинава.

Идентификувани сите осомничени од Диво насеље

Продолжува истрагата за случувањата во Диво Насеље
Продолжува истрагата за случувањата во Диво Насеље

Обвинителството ја заврши и постапката за идентификација на осомничените која ја спроведуваше преку меѓународна правна помош. Преку меѓународна правна помош е започната и процедурата за екстрадиција на едно од осомничените лица, како и постапка за собирање докази во предметот. Прибавено е криминалистичко – техничко вештачење на предметите и трагите прибрани од лице место по извршениот увид, се појаснува во соопштението.

Од обвинителството додаваат дека продолжуваат континуирано со преземање дејствија и мерки со цел утврдување на факти во предметот и на кривичната одговорност на сторителите. Воедно во тек е сослушување на сведоци и осомничени во случајот со Диво насеље.

 

 

Терористички напад беше извршен на 9.мај во кумановската населба Диво насеље, во кој животот го загубија осум припадници на безбедносните сили на Република Македонија, а повеќемина беа повредени.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.