Свет

Командант на Хезболах убиен пред својот дом во Бејрут

Командант на Хезболах убиен пред својот дом во Бејрут

Либанската шиитска милитантна организација Хезболах денеска соопшти дека еден од нејзините команданти е убиен синоќа пред неговата куќа во Бејрут и за убиството го обвини Израел.

Во соопштението на Хезболах се наведува дека Хасан ал Лакис бил убиен на полноќ во предградието на Бејрут, Хадат.

Либански офицер за безбедност и извор близок до Хезболах, соопштија дека Лакис бил застрелан со пиштол со придушувач. Тој бил однесен во болница, но умрел рано изутрината од повредите.

„За овој напад го обвинуваме нашиот непријател, Израел“, нагласи шиитската милитантна групација.