Командант на ОВК се заканил дека ќе уништи манастир на Косово?

Непознат маж се заканил дека деновиве ќе го уништи манастирот Високи Дечани на Косово.

Косовската полиција известила дека непознато машко лице кое се претставило како командант на ОВК, се јавил во локална телевизија и рекол дека подготвува напад на манастирот во следните два дена и камерите да им бидат подготвени за да го снимат уништувањето на Високи Дечани.

Полицијата веднаш ги преземала неопходните мерки, а од КФОР и повеќе амбасадори на западни држави на Косово биле изразени солидарност и поддршка.