Команданти на УЧК го окупираат Собранието

Порталот ИНА кој известува на албански јазик пренесува вест дека поранешни команданти на УЧК го посетуваат нелегално избраниот претседател на Собранието, Талат Џафери.

Во текстот со наслов „КОМАНДАНТИ НА УЧК ГО „ОКУПИРААТ“ СОБРАНИЕТО“, порталот ИНА објавува дека ,,прв пат по независноста на Македонија, албански кадар е поставен на врвот на Парламентот нa Македонија. Уште од првиот ден од инсталирањето на Талат Џафери во неговата канцеларија, „патролираат“ многу граѓани и функционери за да го посетат него и да му посакаат успеси во работата. Последно Џафери бил посетен и од Џем Ламалари-Барут и неговите соборци, кои овој ден и оваа посета ја оцениле како посебна.“

Инаку, Џем Ламалари е поранешен командант на УЧК, познат како командант Барути.

Тој пред два месеци изјавил: Албанците, веднаш, ама баш веднаш треба да прогласиме самостојност, од Липково па се до Преспа. Да формираме комисија за надгледување, од актуелните пратеници до првите државни избори на Илирида. Јас ке бидам прв нејзин војник.

Инаку Џафери, уште не влезен во кабинетот, постави две албански знамиња со што грубо го прекрши Законот за употреба на знамињата, грбот и химната и Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија.
Talat-Dzaferi-Kabinet-albansko-zname-1

Инаку, Џафери освен што постави две албански знамиња, на бирото се најде и книгата „Балканскиот мегаетникум“ која испрача порака за обединување на Голема Албанија, односно за усвојување на „Платформата за решавање на албанското национално прашање“ кое е усвоена од страна на Албанската академија на науките и уметностите во 1998 година.
kniga

kniga2

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.