Македонија

Командантот на Копнените сили на САД за Европа во посета на АРМ

Командантот на Копнените сили на САД за Европа во посета на АРМ

За време на престојот, генерал Хоџис ќе има средби  со министерот за одбрана Зоран Јолевски и со неговиот домаќин началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски.

Теми на разговор ќе бидат учеството на заеднички вежби и обука меѓу АРМ и Копнените сили на САД за Европа, како и учество на АРМ на меѓународните вежби поддржани од Копнените сили на САД за Европа во 2017 година.