Комбе прегази 4-годишно дете

Комбе прегази 4-годишно дете. Сообраќајната несреќа се случила вчера околу 17.20 часот во село Бузалково, велешко.

Комбе „Мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.И. (22) од село Бузалково, удрило во четиригодишно дете од истото село.

По незгодата, детето со возило било пренесено во Медицински центар-Велес, каде биле констатирани тешки телесно повреди и по укажаната лекарска помош било пренесено во Ургентен центар-Скопје.

По овластување на Јавен обвинител, увид извршила екипа од СВР-Велес.