Комбе со емигранти излета од пат кај Лесковац, 40 лица повредени

Kомбе полно со емигранти излетало пат кај Лесковац во Србија, утрово околу 5.50 часот. Околу 40 лица се повредени, од кои 20 се здобиле со потешки повреди.

Според докторите повредените се префрлени и во болниците во Ниш, Крагуевац и во Белград. Пет  од емигрантите се во животна опасност бидејќи имаат повреди на главата и ‘рбетот.
Според првичните информации најголем број од емигрантите се од Нигерија, Бангалдеш и Сирија а во Србија влегле илегално. Тие патувале кон Унгарија и ЕУ.
l l1
ФОТО: Блиц