Комбе влетало во продавница во Приштина

Комби возило, под засега неутврдени околности, утрово околу 7 часот излетало од патот и влетало во продавница во Приштина, при што се повредени девет лица, јави МИА до Приштина.

Сите повредени се пренесени во Универзитетската клиника.

На местото на настанот се излезени полициски екипи кои работат на утврдување на околностите кои доведоа до несреќата.

Возачот на комбето е приведен на испитување во станица и со него ќе се постапува согласно препораките на државниот обвинител, соопшти полицијата.