Комбето со опремата на „шарените“ го возел возач вработен во СДСМ

Комбето полно со бои и „катапулти“ со кои е причинета штета од 250.000 евра го управувал Новица Павиќ, лице кое од 15 октомври 2013 година е вработено во партијата СДСМ на неопределено време, како возач на моторни возила, дознава Press24 од свои извори.

Порталот нагласува дека со тоа веќе нема дилема дека СДСМ директно го организира уништувањето на јавното добро низ Скопје особено ако се има предвид дека комбето во кое е откриена бојата е сопственост на партијата СДСМ, а лицето кое го управувало, исто така е вработено во партијата СДСМ.

kombe-4-640x427 kombe-9 kombe-1

Тоа е само уште еден доказ дека во протестите на хулиганите на СДСМ и СОРОС нема ништо граѓанско, бидејќи партијата од Бихаќка, сама ги дистрибуира боите и катапултите низ градот а за тоа го ангажира и партискиот возач кој добива плата за да им ја носи бојата на партиските хулигани.

Возачот се очекува да добие соодветна пријава од полицијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.