Комедијата „Централ парк – Запад“ во Универзална сала

Соларис продукција во соработка со независниот Театар 007 во среда премиерно ќе ја изведе комедијата „Централ парк-Запад“ од Вуди Ален во режија на Игор Ивковиќ, на Малата сцена во Универзалната сала.

–  Претставата „Централ парк-Запад“ не е обична комедија, туку повеќе од тоа. „Вудиаленовскиот“ интелектуален хумор, придружен со совршената психолошка вивисекција на карактерите, не само што насмевнува, туку отвора важни секојдневни прашања за кои секогаш треба да се најде вистинскиот одоговор, вели режисерот  Ивковиќ.

Во претставата играат: Ирена Илиевска, Ангела Наумоска, Марко Богдановски, Јеткин Сезаир и Елизабета Клинчаревска-Младеновска. Дизајнот на претставата (сценографија и костимографија) е на Маре Трајковска.

По премиерата на 10 декември, претставата репризно ќе биде изведена следниот ден  на истата сцена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.