Македонија

Комеморација во спомен на загинатите британски војници

Комеморација во спомен на загинатите британски војници

Во спомен на загинатите британски војници од Првата светска војна делегација на Министерството за одбрана на Република Македонија, предводена од министерот Зоран Јолевски, денеска положи венец со свежо цвеќе на Британските воени гробишта во Скопје.

– Оваа служба е со цел да се потсетиме на сите оние од различни националности, воени лица или цивили, кои го изгубиле својот живот во војна или конфликт или за каузата за мир, информираше Британската амбасада во Македонија која воедно и ја организираше Службата за сеќавање .

На службата во чест на 117 војници на Велика Британија погребани во Скопје, присуствуваа и претставници на Армијата на Република Македонија и на  дипломатската заедница во земјава.