петок, 28 јули 2017  |  Вести денес: 43

Бура од емоции на комеморацијата за Драган Николиќ

Актерот Раде Шербеџија покрај многумина други колеги присуствувал на комеморацијата на Драган Николиќ и во свој стил рецитирал во чест на Гага.

Бура од емоции на комеморацијата за Драган Николиќ

Бура од емоции на комеморацијата за Драган Николиќ

Поврзани вести

Во „Атеље 212“ попладнево се одржа комеморацијата за Драган Николиќ. Се собра културната елита на Белград, голем број на актери, политичари и други луѓе од јавниот живот. Меѓутоа како што пренесуваат медиумите највпечатливиот момент се зборовите на Раде Шербеџија кои и ги упатил на Милена Дравиќ.

Актерот Раде Шербеџија покрај многумина други колеги присуствувал на комеморацијата на Драган Николиќ и во свој стил рецитирал во чест на Гага.

-Секој од нас го носи својот јунак во своите сеќавања. Сосема сум сигурен дека Драган Николиќ е во првиот тим на југословенската театарска репрезентација  кажал Раде.

Шербеџија спомнувајќи го првиот филм на Драган „Кад будем мртав и бео“   кажал дека сите веднаш се „вљубиле во тоа лице“.

драган

Тој се осврнал и на неговите улоги и истакнал дека тие двајца имале нешто заедничко – едноставност и искреност и дека во тоа беше тајната на Драган Николиќ.

-Гаги беше најголемиот лаф кога се појави на белградскиот асфалт. Со неговата магионичарска магија тој знаеше да стане Драган и Милена. Тие умее да светат како двојка. Гаго, мој мил, пред неколку месеци ми кажа:„Рашо ти не си мојот филмски брат ти си мојот вистински брат“. Гаго ти не си само мој брат ти брат на сите нас – низ солзи кажал Шербеџија.

За крај, Шербеџија и се обратил на Милена.

-Милена. Ти треба сега да бидеш Милена и Драган – завршил актерот.

Најчитани вести