Комеморација за загинатите пилоти на МВР

Во Дом на АРМ денес ќе се одржи комеморативна седница по повод трагичната несреќа во која животот го загубија четворица пилоти на МВР на РМ.

Поради трагичната хеликоптерска несреќа Владата на Република Македонија донесе одлука утрешниот ден да биде прогласен за ден на жалост на целата територија на Република Македонија.

Во меѓувреме формирана е комисијата која ќе ја води истрагата за несреќата со хеликоптерот што се урна во кај Струмица во која животот го загубија четворицата припадници на МВР, Драги Мицев, Маријан Трајковиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички.

Според досегашните сознанија на МВР, хеликоптерот МИ 17 удрил во антенски столб  висок 120 метри во сопственост на Македонска радиодифузија, а пилотите не се пожалиле дека имале проблем со леталото за време на летот. По ударот хеликоптерот паднал на земја и се случила експлозијата која била фатална за пилотите.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.