Комеморација за жртвите на „Џерманвингс“

Во катедралата во германскиот град Келн денеска ќе се одржи комеморација за жртвите од несреќата на авионот на „Џерманвингс“, на која ќе присуствуваат околу 1.500 луѓе, меѓу кои и канцеларката Ангела Меркел.

Се очекува дека покрај семството на настраданите на службата во катедралата ќе присуствуваат министрите за сообраќај на Франција, каде се сруши авионот и на Шпанија, од каде полета, како и извршниот директор на Луфтханза, Карстен Шпор, пренесува Би-Би-Си.

На олтарот во келнската катедрала е поставена по една свеќа за секоја од жртвите, а знамињаа низ цела Германија денес ќе бидат поставени на половина копје.

Пред катедралата се поставени големи екрани за граѓаните да може да ја следат целемонијата, а на скалите пред катедралата ќе биде положено цвеќе.

На церемонијата која почнува напладне, ќе присуствува и претседателот на Германија, Јоаким Гаук и министерот за внатрешни работи на Шпанија, Хорхе Фернандес Дијас.