Комеморација за жртвите од Првата светска војна

Вечерва пред споменикот на паднатите херои за Македонија ќе се одржи комеморација за сите жртви во Првата светска војна.

Настанот се организира по повод стогодишнината од Првата светска војна.

– Комеморацијата по повод стогодишнината од Првата светска војна претставува хуман чин преку кој Македонија заедно со други држави засегнати од оваа војна се вклучува во активностите организирани на меѓународно ниво. Со оваа комеморација, нашата држава дава почит кон паднатите борци и жртвите во Македонија, но и на сите воени и цивилни загуби и страдања во светски рамки, информира Министерството за одбрана.

Во Првата светска војна загинаа повеќе од 10 милиони луѓе.