Комеморативни собири во САД по повод нападите на денешен ден

Во Соединетите држави се одржуваат комеморативни собири по повод 13 годишнината од нападите на Ал Каеда врз Њујорк, Вашингтон и Пенсилванија на 11 септември 2001 година кога загинаа скоро 3 илјади луѓе.

Претседателот Барак Обама говореше во Пентагон за време на приватната церемонија за роднините на луѓето кои беа убиени во нападот врз седиштето на американското министерство за одбрана.

Во Њујорк, роднините ги прочитаа имињата на нивните загинати во нападот врз двете згради на Светскиот трговски центар.