Македонија

Коментар до Заев кој го потресе Facebook: Ние сме можеби деца без родители но сме деца со достоинство!

Коментар до Заев кој го потресе Facebook: Ние сме можеби деца без родители но сме деца со достоинство!

По последниот настан во Универзална сала и говорот на лидерот на опозициската СДСМ со брзина на светлина се рашири статусот на момче кое е дете без родител и кое со својот искрен фејсбук статус упатен директно кон Заев ги запали социјалните мрежи.

-Како може и со кое право Заев да обвинува дека некој друг ги злоупотребувал децата без родители. Тоа што се пушти за децата без родители е директна навреда за сите деца без родители, група во која што спаѓам и јас. Сакам на Заев и на сите тие што во уневерзалната сала се смееа, да им кажам дека можеби ние сме деца без родители но сме деца со достоинство, со памет и чест.

И нас никој ниту може да не лаже ниту поткупува. Денес ќе беше поинаква слика доколку помогнеа за децата без родители барем еден процент од тоа што Груевски и оваа влада го прават. Ниту еднаш Заев ги нема спомнато децата без родители, и оваа е прв пат да ги спомне децата без родители и тоа не за тоа што тој ќе направи за тие деца, туку во обид политички да не злоупотреби. Јас мојата поддршка ја давам за тој кој што има конкретно работа за наш интерес, оној кој што искрено работи и е солидарен со нашата состојба и искрено ни помага преку поволности како обезбедување на бесплатни станови, вработување, стипендии за школување и многу други работи….Единствено човек кој до сега го направи сето ова е Никола Груевски.

Screenshot_1