Коментар на Фејсбук за Заев: Каде е бомбата каде ги тераш твоите вработени да кампуваат во Скопје?

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев најави дека ќе продолжи да ги објавува т.н. бомби иако преговорите сеуште се во тек.

Ваквите најави, очигледно предизвикаа гнев и револт кај дел од јавноста, па така на Фејсбук страната на Brif.mk, се појави следниот коментар од видно изреволтиран граѓанин:

„А каде е бомбата од разговорите со твоите вработени, каде што молат кукаат за платичка цели 10 месеци бе гнасо? Каде  е бомбата да ја слушне народот како ги тераш исто така своите вработени од КОМУНАЛНО да ги тераш да одат во Скопје да кампуваат со денови и да се печат на овие горештини? Каде е бомбата бе гнасо црна каде што купуваш сандалки на својата керкица Ева од 3.000 евра?“, стои меѓу другото во коментарот.

komentar

Според содржината на коментарот, лесно може да се заклучи дека најверојатно станува збор за жител на Струмица кој добро ги знае приликите и условите за живот во општината каде девет години на власт е сегашниот лидер на опозиционерите.

Забележително е дека во коментарот го пишува сето она за што досега во повеќе наврати Заев беше обвинет и од страната на владејачката ВМРО – ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.