Балкан

Комесарката на ЕУ го посети Обреновац

Комесарката на ЕУ го посети Обреновац

Комесарката на Европската унија за меѓународна соработка, хуманитарна помош и реагирање во кризни ситуации, Кристина Георгиева, денека го посетила Обреновац.

Ситуацијата во градот се смирува. Во центарот на Обреновац нема луѓе, водата е повлечена, но сепак постојат делови од градот каде што висината на водата и понатаму е околу еден метар.

Георгиева  синоќа имала средба со премиерот на Србија, Александар Вучиќ, кој изразил благодарност до Европската унија за поддршката и помошта што и’ ја пружиле на Србија во тешката ситуација предизвикана од поплавите и објаснил дека во оовј момент може да сметаат на три видови помош. Toa e помoшта што  ја генерира Георгиева, средствата од фондот за солидарност на ЕУ и парите од ИПА фондовите кои минатите години Србија не ги користела.

Георгиева истакнала дека хуманитарната помош од ЕУ веќе почнала да пристигнува, додек за парите од фондот за вонредни состојби и од ИПА фондовите, потребно е одредено време.

Таа објаснила дека конкурирањето за пари од Фондот за вонредни сосотојби вообичаено трае околу 10 недели, додека на одлуката се чека уште два до три месеци, истакнувајќи дека апликацијата мора да се заснова на прецизни потреби.

После Србија, Георгиева ќе ја посети БиХ.