Коми ги отфрла критиките и вели дека е писател без искуство

Поранешниот директор на американското Федерално биро за истраги (FBI) истакна дека е писател без искуство во одговорот на критиките на неговата книга објавена во вторникот, кој е најбаран наслов на онлајн продажбата на Amazon, во кој го критикува американскиот претседател Доналд Трамп.

Во книгата „Повисока лојалност: Вистина, лаги и водство“, Џејмс Коми физички го опишува Доналд Трампо, без разлика дали станува збор за неговите мали раце, фризурата или речиси портокаловата боја на косата и кожата.

„Не сакава да го исмевам претседателот. Се обидов да бидам автор, што не сум бил никогаш порано во животот. Додека пишував во себе го слушнав гласот на издавачот кој ми говореше ‘Поведи го читателот со себе, кажи му што ти лежи на душата“, објасни Коми во разговорот за американското државно радио NPR.

Освен физичкиот опис, поранешниот прв американски полицаец, кој во мај 2017 година го смени Трамп, жестоко ги напаѓа моралните квалитети на американскиот претседател.

„Овој претседател е нечесен, далеку е од вистината и институционалните вредности. Ова што денес се случува не е нормално“, пишува Коми.

Во разговорот за телевизиската мрежа ABC News во неделата, Коми го засили овој напад со изјавата дека американскиот претседател е „морално неподобен“ за својата функција.

Книгата, од којашто фрагменти изминатата седмица објавуваа американските весници, го разгневи Трамп кој Коми го нарече „лажго и неранимајко“.

Во американските медиуми некои од критичарите го поставија прашањето дали поранешниот шеф на FBI не задава прениски удари и не се впушта премногу во политиката. Кому во вторникот во споменатиот разговор за NPR рече дека само сакал да предупреди на опасноста од претседателството на Трамп.

Во вторникот неговата книга беше најпродавана на Amazon, а издавачот во првото издание отпечатил 850.000 примероци.