Свет

Коми го прекина молкот со бомбастична книга

Коми го прекина молкот со бомбастична книга

Поранешниот директор на Федералното биро за истраги (FBI), Џејмс Коми, го опишува американскиот претседател Доналд Трамп како ноторен лажго и неморален лидер во книгата којашто треба да биде издадена следната седмица, произлегува од фрагментите коишто во петокот ги објавуваат американските медиуми.

Коми изнесува поразителна слика на претседателот за кој вели дека е некој кој „не е наклонет на вистината“. Трамп ги „движи егото“ и „бара лична лојалност“, пишува сменетиот шеф на FBI.

Книгата со наслов „Повисока лојалност: Вистина, лаги и водство“ треба да се појави во вторникот. Таа претставува опсежен увид во низата состаноци на Коми со Трамп откако минатата година сведочеше во Конгресот.

Меѓу повеќето работи , Коми пишува и дека Трамп го искористил законот со него за да ги негира непотврдените наводи дека користел услуги на проститутки во текот на неговиот престој во Москва во 2013 година.

Обвинувањето, вклучително и тоа дека руските служби го снимиле дружењето на Трамп со проститутки, ги изнесе поранешниот британски разузнавач Кристофер Стил, но тие никогаш не беа потврдени. Книгата на Коми, дека Трамп го расправал за тие обвинувања.

Според поранешниот шеф на FBI, претседателот на САД „силно ги негираше обвинувањата, прашувајќи, реторички претпоставувам, дали изгледа како маж кому му се потребни проститутки“.

Трамп го отпушти Коми во мај 2017 година, што доведе до отворање на специјалната истрага на министерството за правда за наводното мешање на Русија во американските претседателски избори во 2016 година.