Трамп го смени директорот на FBI, Џејмс Коми

Белата куќа објави дека американскиот претседател Доналд Трамп го сменил од функцијата директорот на Федералното биро за истраги (FBI), Џејмс Коми, со што се согласил со препораките на министерот за правда и државен обвинител Џеф Сепсн и неговиот заменик Родзенстајн, дека Коми не е во можност ефикасно да го води Бирото.

Сешнс изјави дека Министерството за правосудство е „посветено на високо ниво на дисциплина, интегритет и владеење на законот“, ако и дека е „потребен нов почеток“. Белата куќа соопшти дека за наследникот на Џејмс Коми на челото на FBI, ќе се разгледува следните денови.

Коми ја загуби довербата и кај Демократската партија, бидејќи тие тврдат дека погрешно ја информирал јавноста за некои поединости за водењето на електронската пошта на Хилари Клинтон во периодот кога беше државна секретарка од приватни севери и адреси, што е спротивно на законот.

Заменикот државен обвинител, Род Розенстајн, исто така, изјави дека не го одобрува начинот на кој директорот на FBI дошол до заклучоците за делови од истрагата за нарушување на прописите за ракување со електронската пошта на Клинтон, и оти дозволил сериозни грешки што предизвикуваат недоумици.

Челникот на демократите во Сенатот, Чарлс Шумер, на веста за смената на Коми побара именување на специјален обвинител за истрага за наводното руско мешање во американските претседателски избори ланскиот ноември, бидејќи според него јавноста оправдано би можела да се сомнева дека ненадејната смена на Коми од функцијата е „прикривање на вистината“.

Функционери од Белата куќа негираа дека Трамп имал политички мотиви за смената на Коми.

Потегот на Трамп одекна како бомба на американската политичка сцена и предизвика загриженост меѓу дел од републиканците и огорчени критики од демократите, кои неколку часа пред смената го повикаа Коми да се повлече, бидејќи ја загубиле довербата во него поради начинот на водењето истрага во врска со Клинтон, која инаку беше затворена по сугестија на поранешната државна обвинителка.