Комичарот Џими Кимел ќе ги води „Оскарите“

Американскиот комичар Џими Кимел ќе биде водител на 89-тата церемонија на доделување на наградите “Оскар” во февруари, објави електронското издание на списанието “Холивуд репортер”.

Кимел има свое вечерно шоу Jimmy Kimmel Live на телевизијата Еј Би Си. Таа ќе ја пренесува и церемонијата на доделувањето на “Оскарите”.

Минатата година водител беше комичарот Крис Рок.

За време на предизборната кампања во САД Кимел побара од кандидатот на демократите Хилари Клинтон да демонстрира во студиото физичка сила со отворање тегла со краставички.

Клинтон го заврте капачето преправајќи се дека е многу тешко, а потоа на шега му предложи на водителот да ѝ го измери пулсот, за да се убеди дека е жива.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.