Комисијата предложила отстранување и на Воинот на коњ, Филип и Порта Македонија, исто како и Ќосето

Работната група на Министерството за култура која го анализира проектот Скопје 2014, донела препораки за дислокација и демонтирање (или рециклирање) и на споменикот на Воин на коњ (или Александар Велики), Филип Втори и Портата Македонија, пишува порталот Либертас.

„Ние работиме во насока на повторно враќање на владеењето на правото. Во случаите каде е прекршен законот нашите препораки ги упатуваме до институцијата која го поставила споменикот, во случајот со Ќосето беше градот, а собраните документи ги даваме во ОЈО за предистражна постапка за злоупотреба на службена должност и немаменско трошење буџетски пари. Одлуката потоа ја носи институцијата која го поставила споеникот“, изјавил за Либертас Мирослав Грчев кој е дел од споменатата комисија.

Спомениците на Александар и на Филип Втори се поставени од Општина Центар, додека Портатата е од Министерството за култура.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.