Комисијата за економија на ОК Битола на ВМРО-ДПМНЕ: Еве зошто СДСМ не сака на избори

СДСМ е единствената политичка партија во опозиција која што бега од избори и за ваквото свое однесување бара најразлични изговори. Но што е вистинската причина заради која СДСМ не сака на избори?, прашуваат од Комисијата за економија на ОК Битола на ВМРО-ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението на Комисијата за економија на ОК Битола на ВМРО-ДПМНЕ:

Комисијата за економија на ОК Битола на ВМРО-ДПМНЕ, анализирајки ја настаната ситуација дојде до свои заклучоци зошто СДСМ не сака на избори.

Македонската економија во 2014 год. оствари раст на бруто-домашниот производ од 3,5%, што претставува четтврти најдобар резултат во Европа (после Луксембург, Ирска и Унгарија) и најдобар во регионот на Југоисточна Европа.

Во 2015 год. благодарение на успешните економски политики на Владата на Република Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, продолжи трендот на растот на економијата и е забележан пораст на БДП од 3,7%.

Во периодот од 2007 до 2015 год просечната стапка на пораст на БДП изнесува 3%, во услови кога просечниот раст во ЕУ изнесува 0,7%, а во евро зоната 0,5%.

Бруто домашниот производ по жител како основен индикатор за степенот на развој на економијата се зголеми од 2.741 евро во 2005 год на 4.392 евра во 2015 год, што претставува пораст за 78%.