Комисијата за импичмент денес треба да донесе заклучок

Без разлика на тоа каква одлука ќе донесе денес Комисијата за импичмент, иницијативата ќе биде разгледана на собраниска седница што треба да се одржи на 13 јуни.

Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија и денеска расправаше за барањето за импичмент.

До 14 часот беше дадена пауза по што треба да бидат разгледани предлог-заклучоците. Без разлика на тоа каква одлука ќе донесе Комисијата, иницијативата за импичмент ќе биде разгледана на собраниска седница што треба да се одржи на 13 јуни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.