вторник, 22 август 2017  |  Вести денес: 34

Комисијата за Одбрана ја поддржа одлуката за праќање војска во Авганистан

Комисијата за одбрана и буџет при Собранието на РМ денеска ги проследи во понатамошна постапка двете точки кои беа на дневен ред, а се однесуваа на испраќање војници во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Авганистан и еден припадник на АРМ во „Алтеа“ во Босна и Хрцеговина.

Поврзани вести

Заменик министерот за одбрана Беким Максути појасни дека се работи за испраќање 38 војници кои ќе учествуваат во мировната операција во Авганистан која ќе важи од март до септември 2017 година, односно дел се од декември 2016 до јуни 2017 година.

– По овој датум најверојатно ќе има нова одлука од НАТО, а ние како Министерство ќе одлучиме дали и колку војници ќе учествуваат во следниот период, рече Максути.

За одлуката за испраќање на припадник на АРМ во Босна и Херцеговина, заменик министерот информира дека се работи за доктор кој ќе биде упатен во тимот на доктори во кампот „Бутмир“ крај Сараево од декември 2016 до јуни 2017 година.

Најчитани вести