Комисијата за верски заедници упати честитки до МПЦ по повод Велигден

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи денеска по повод христијанскиот прзаник – Воскресение Христово – Велигден упати честитка до Македонската православна црква-Охридска архиепископија и до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Во духот на вековното македонско празнување, и годинава го одбележуваме Христовото Воскресение, тој настан над сите настани, тоа чудо над сите чуда. Велигден ја содржи целата наша историја: нашето минато, сегашност и иднина. Господ Исус Христос вели: „Јас сум вратата; кој ќе влезе низ мене, ќе биде спасен, ќе влегува и ќе излегува и ќе најде пасиште“. Со раширени раце на крстот, собирајќи нè во својата прегратка ја отвори небесната врата за да преминеме кон вечната радост, вечната правда и вечниот мир. Ни заповеда да го љубиме својот ближен, бидејќи сите ние сме едно големо семејство. Ако се сакаме, ако имаме меѓусебно разбирање и слога, тогаш ќе бидеме спремни да напредуваме во се, меѓудругото се вели во честитката.

Во овој дух, се додава во честитката што во името на Комисијата до МПЦ ја испрати директорката Валентина Божиновска, посакувам овој голем христијански празник да го поминете во многу љубов и мир, да влее надеж и верба во новиот живот и новиот почеток кој настанува со Христовото распетие. Нека Воскресението Христово – Велигден во донесе здравје, радост и нека ви го осветли божјиот пат на љубовта