ТОП,Македонија

Комисијата за заразни болести со препораки за граѓаните од поплавените подрачја

Комисијата за заразни болести со препораки за граѓаните од поплавените подрачја

Со цел заштита на здравјето на населението од поплавените подрачја, посебно од заразни заболувања кои се очекувани во вакви состојби препорачуваме населението да не ја пие водата од локалните водоводи, сопствени водоводи, бунари бидејќи се очекува истата да биде загадена, вели доктор Јованка Костовска од Комисијата за заразни болести.

-Вода да се пие исклучиво флаширана или од цистерни која веќе се дистрибуира. Да не го употребуваат зеленчукот од сопствените дворови бидејќи е поплавен. Храната во фрижидерите онаму каде нема електрична енергија да не употребува и истата да се исфрли. Малите деца да не се пуштаат во поплавените дворови да играат, бидејќи водата е загадена. Доколку учествуваат во санација на дворовите и поплавените домови граѓаните да носат чизми и ракавици со цел да го заштитат своето здравје, вели Костовска.

Таа додава доколку граѓаните од поплавените подрачја почувствуваат било какви здравствени проблеми овие денови, особено дијареа или повраќање, да се обратат во најблиската здравствена установа.