Комитите го прекинаа натпреварот Вардар-Шкупи

Пријателскиот натпревар помеѓу екипите на Вардар и Шкупи кој попладнево се играше на теренот во с. Марино не го дочека својот крај.

Причина за прекинот беа припадниците на навивачката група Комити кои во текот на второто полувреме влегоа во теренот и не дозволија да се доигра мечот, пишува Телеграф.

Во тој момент резултатот гласеше 1:0 за Вардар, а неофицијалната причина зошто Комитите го сториле тоа е всушност противникот Шкупи.

Токму тоа и биле замерките кон раководните луѓе на клубот кои секако биле присутни на овој меч.