“Комитите” не го даваат Прибак

Македонскиот репрезентативец и ракометар на Вардар, Немања Прибак се најде на листата играчи од која раководството на клубот сака да се откаже.

Тоа секако наиде на огромно незадоволство кај “Комитите”, кои на натпреварот против Војводина испратија јасна порака дека не се согласуваат со одлуката да се откажат од услугите на Прибак.

Тој е еден од оние кои играат за Вардар уште пред Сергеј Самсоненко да почне да го гради овој нов дрим-тим, а со својата пожртвувана игра максимално ги има освоено срцата на сите навивачи на “црвено-црните”.

Тие на натпреварот од СЕХА лигата извадија парола со која јасно го кажаа својот став за неговото (не)заминувањето, а истата гласеше “Не ни се верува, идејата ваша луда, да го избркате човекот со најголеми муда!”.