Комитите се враќаат на трибините, ЖРК Вардар добива поддршка

Навивачката група „Комити“ ќе присуствува и ќе го бодри женскиот ракометен клуб Вардар е објавено на денешната заедничка прес-конференција на македонскиот шампион и претставник на најверните навивачи на „црвено-црните“.

ЖРК Вардар одлучи саботниот дуел со Турингер да има хуманитарен карактер. Дел од средствата собрани од продадени билети (по 30 денари од билет) да бидат наменети за закрепнување на Горан Николовски –Турчин, навивачот кој ја повреди дланката при инцидентот на средбата Пелистер – Вардар.

Задоволство од најавената поддршка од трибините изразија тренерот на вардарки Индира Кастратовиќ и крилото Јованка Радичевиќ која денеска слави роденден, а за подарок побара од комитите в сабота да ја исполнат во СЦ Јане Сандански.

-Како би било кога ќе ги видиме позади гол. Помалку сме љубоморни кога ќе видиме што можат да направат Комити, зборуваме како би било да бидат на нашите натпревари. Лани покажавме покажавме како се бори за боите на Вардар, и посакувавме на секој натпревар ќе ги видиме на трибини. Лани не се оствари тоа. Ги замолуваме да ни помогнат, зашто со нивна поддршка можеме да направиме чекор напред. Девојките и стручниот штаб ќе ја поддржат хуманитарната акција на навивачите. Исполнете ми ја роденденската желба и бидеме зад голот во сабота, да победиме, им порача Јованка Радичевиќ на навивачите.

Натпреварот со Турингер ќе почне во 19 часот и за Вардар ќе биде прв во новата сала