Комората на вештаци со обука во областа на медицината

Комора на вештаци на Република Македонија е новата комора, која денеска изврши обука на специјалистички кадар од областа на медицинските науки.

Првата од двете обуки кои ќе се одржат во следиот период, се одржува денеска во прсториите на хотел Континентал.

Предавања ќе имаат предавачи од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија при Медицинскиот факултет во Скопје.

Република Македонија има 946 вештаци во 70 различни области од кои 293 вештаци се од областа на медицината.

Вештакот, како што подвлече претседателот на комората, Васе Доневски, мора коснтантно стручно да се доусовршува.

-Ќе се спроведуваат обуки кои ќе бидат во тек на најновите научни светски достигнувања и новости, подвлече Доневски.

Д-р Златко Јакоски, појасни дека е потребно да се издигне нивото на вештачење, а тоа ќе се постигне преку континуирано доусовршување на вештаците во Македонија, со што вешачењето ќе се извршува на стручен начин.

Комората на вештаци на Република Македонија е независно тело кое обуките во областа на медицината самостојно ќе ги финансира.