Компани: Доаѓањето на Де Брујн ќе не направи посилни

Дали ќе станат и тимски колеги ? Де Брујн и Компани во дресот на Белгија

Тој нагласи дека Сити веќе има силен тим, но доаѓањето на неговиот репрезентативен колега ќе го подигне квалитетот во екипата.

Доаѓањето на Де Брујн сигурно дополнително би го засилилo нашиот тим. Тој е феноменален играч. Досега ги донесовме Стерлинг и Делф, фудбалери кои ќе ни донесат нешто сосема ново. Верувам дека сега имаме доста силен состав, но со Де Брујн би биле уште посилни, изјави Компани.

Англиските медиуми пренесоа дека Манчестер Сити понудил 50 милиони фунти за трансфер на фудбалерот на Волфсбург, но германскиот клуб ја одбил понудата.

Белгиецот кратко играше во Премиерлигата во дресот на Челзи, но не успеа да се избори за поголема минутажа. По трансферот во Волфсбург, Де Брујн буквално експлодираше, па интересот на најголемите европски клубови е сосема очекуван.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.