Компани очекува ново чудо на Итихат

Како и што се очекуваше, последниот натпревар од 35. коло во англиската Премиер лига, дуелот на “Итихат” помеѓу екипите на Манчестер Сити и ВБА заврши со сигурен триумф на домаќинот од 3:1.

Сите три погодоци за домаќинот беа дело на аргентинските интернационалци, Пабло Забалета, Серхио Агуеро и Мартин Демикелис, а единствениот погодок за гостинот од Бирмингем, беше дело на младиот напаѓач Грахам Доранс.

Иако Манчестер Сити има шест бода помалку од актуелниот лидер на првенствената табела, тимот на Ливерпул, кој пак има одиграно и еден натпревар повеќе, капитенот на “граѓаните”, Винсент Компани е убеден дека неговиот тим се уште е во игра за шампионската титула.

“Успешно ја завршивме и оваа задача и во позитивна атмосфера ќе ги одиграме последните четири натпревари од актуелната сезона. Добро се сеќавам што се случи пред две сезони. Мислам дека сме доволно мотивирани и дека се враќаме во посакуваната форма. Сите опции се во игра, се може да се случи до крајот на актуелната сезона”, изјави репрезентативецот на Белгија.