четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 18

Компании од Македонија ќе се натпреваруват во бизнис студија

ИЕДЦ Алумни клуб Македонија и ИЕДЦ Бледската Школа за менаџмент денеска и утре во Скопје организираат натпревар во бизнис студија на случај 2016 на кој учествуваат компании од Македонија.

bled-skola-360x286

Последни вести

Целта е промовирање на бизнис образованието и конкурентноста на компаниите, а е од голема важност за секоја компанија која има за цел да остане на врвот на бизнисот и цели кон постојано унапредување на сопствените вработени и менаџери да се едуцираат и стекнат нови вештини и знаења да се развијат во препознатливи бизнис лидери.

Натпреварот се организира 4-та година по ред, а годинашни учесници се шестчлени тимови  од НЛБ Тутунска банка, Бритиш Американ Тобако, Бионика Фармацеутикалс, ИТ ГМА, како и Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Натпреварот се состои од бизнис случај кој се анализра и потоа се прави презентација на предлог решение. Натпреварот за бизнис студија на случај секогаш се занимава со реални компании и со реални проблеми или предизвици.

Целта на овој натпревар е зајакнување на тимскиот дух во  компаниите, поттикнување на нивната иновативност, како и да им се помогне на вработените да изнајдат сопствени креативни и иновативни решенија за актуелните бизнис предизвици.

Ментор на целата оваа активност е реномираниот професор по менаџмент и бизнис етика, како и проектен и академски директор на МБА студиите во рамките на ИЕДЦ Бледската Школа за менаџмент, Д-р Ненад Филиповиќ. Од него, тимовите ќе имаат можност да добијат корисни совети и препораки при анализирањето и решавањето на бизнис случајот.

Наградата за победничкиот тим е учество на еден од изборните МБА курсеви во ИЕДЦ-Блед школа за менаџмент во вредност од 9.000 Евра. Победниците ќе ги измерат силите против победничките тимови од другите држави во Глобалниот натпревар на ИЕДЦ за студии на случај Хрватска, земјата во која пред шест години се роди целата идеја, Словенија, Србија, Молдавија, Бугарија и Романија). Тимот што ќе победи на својата земја, исто така, добива право да се квалификуваа и за Глобалната студија на случај.

Натпреварот ќе трае до 12.05.2016 година.

Најчитани вести