Компании од Северна Америка пројавија интерес за инвестирање

Министерот Наумоф е во тридневна посета на Канада поканет како главен говорник на престижниот Меѓународен економскиот форум на Северна Америка кој се одржува во Монтреал од 8-12 јуни 2014 година. На овој светски економски форум присуствуваат повеќе од 3000 бизнис лидери, високи политички претставници од целиот свет и економски експерти. Амбасадата на Република Македонија во Отава обезбеди учество на овој форум, како и бројни билатерални средби во делот на привлекување на странски инвестиции во Македонија.

Во рамките на посетата, беа организирани билатерални средби со лидери на најголемите бизнис асоцијации во Северна Америка и менаџери на првите 500 рангирани најуспешни мултинационални компании на светско ниво, кои пројавија интерес за инвестирање во Македонија.

Панелот на кој говореше Наумоф беше најпосетен панел на конференцијата следен од бројни медиуми, а на истиот учествуваа поранешни премиери на држави и неколку актуелни светски лидери. Говорот беше проследен со особено внимание од страна на присутните, кои особено беа изненадени од изнесените факти за Македонија и високото позиционирање од страна на Светската Банка во Извештајот за водење бизнис, како и од реформите кои се спроведени во делот на привлекување на странски инвеститори и креирање на нови работни места. По завршувањето на обраќањето, беа побарани дополнителни поединечни средби од страна на високи претставници на присутните компании се со цел утврдување на термини за можна посета на Македонија.