Компаниите да аплицираат на владиниот оглас за ангажирање на странски експерти

Стартува вториот циклус за ангажирање на странски експерти за потребите на домашните компании. Од денеска е  објавен јавен повик, а компаниите имаат рок од 45 дена да се пријават и да аплицираат.

-Овој втор циклус ќе донесе позитивни ефекти за македонската економија, ќе овоз,ожи раст на нивните дејности, можност за отворање на нови работни места и поголема профитабилност, освојување на нови пазари и во секој сегмент подобрување на деловниот перформанс, истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Овојпат огласот се однесува за малите и средни претпријатија, односно ќе можат да аплицираат компании кои имаат од 5-250 вработени, постојат најмалку 2 години и имаат 51 процент домашен капитал.

Ѓорѓиев нагласи дека компаниите кои имаат интерес за ангажирање на странски експерти ќе бидат ослободени од плаќање на најголем дел од трошоците односно дневниците за експертот и трошоците за транспорт од европската земја од која доаѓа експертот до Македонија и назад.

Тој истакна дека како Влада се задоволни од реализацијата на првиот циклус од овој проект во кој се пријавиле 98 компании за реализација на 105 мисии од страна на страснки експерти, а 85 проценти од нив изразиле потреба за продолжување на ангажирање на странски експерт во нивната компанија. За потенцирање е и дека 87 проценти од компаниите истакнале дека како резултат на работата со странските експерти отвориле нови работни места. Експерите работеле во домашни компании во 20 града во земјава.

Ѓорѓиев посочи дека во рамки на првиот циклус спроведен минатата година 46 проценти од експерите кои ги завршиле мисии, а се над 50 проценти, работеле во секторот производство на добра за широка потрошувачка, 11 проценти учествувале во услужната дејност, а 8% во технолошкиот сектор.