Спорт

Компаниите ги раскинуваат рекламните договори со Суарез

Компаниите ги раскинуваат рекламните договори со Суарез

Познатиот германски производител на спортска опрема Адидас соопшти дека до крајот на Мундијалот веќе нема да ја користи рекламата во која се појавува Луис Суарез.

Причина за таквата одлука на Адидас е суспензијата на Уругваецот бидејќи на натпреварот против Италија на СП го гризна Кјелини.

-Адидас потполно ја поддржува одлуката која да донесе ФИФА. За нас однесувањето на Суарез е неприфатливо и мораме да потсетиме дека од играчите со кои имаме договор очекуваме одредени стандарди во однесувањето. Нема веќе да го користиме Суарез во маркетиншки цели за време на Мундијалот, се наведува во соопштението на Адидас.

Суарез е казнет со девет натпревари суспензија и четири месеци надвор од фудбалот поради недоличното однесување.