Компаниите можат да почнат со првите вработувања без плаќање придонеси

Компаниите можат да почнат со првите вработувања без плаќање придонеси. Измените во Законот за вработување  и осигурување во случај на невработеност,  веќе  се објавени во службен весник со што и официјално стапија на сила, јавува Сител.

Од конфедерацијата на работодавачи очекуваат интересот од фирмите да биде голем, зошто со мерката  диркено се намалуваат трошоците за вработување на лицата кои ги ангажираат како хонорарци.

Околу 150 илјади лица ги исполнуваат условите за искористување на пакетот мерки за вработување, а за една година се очекува  20 илјади лица да бидат вработени. Според Бошков, многу е важно системот на  државата да успее да ги регистрира  невработените, за да им се помогне.

Пакетот мерки за вработување минатата недела беше усвоен во собрание. Со мерките опфатени се повеќе категории на граѓани од повеќе возрасти.