Свет

Компаниите си одат од Британија: И Водафон најави дека ќе си оди

Компаниите си одат од Британија: И Водафон најави дека ќе си оди

Телекомуникацискиот гигант Водафон се закани дека можеби ќе биде присилен да го исели седиштето од Лондон. Како што соопштуваат од компанијата, заминувањето зависи од британските преговори околу напуштањето на ЕУ.

Водафон наведува дека за компанијата е важно да оддржи слободен пристап до европскиот пазар, како и дека им е важен слободниот проток на луѓе, капитал и стока.

Водафон инаку вработува околу 13.000 луѓе во Британија. Во соопштението наведуваат дека дури 55 отсто од профитот дошло благодарение на бизнисот во европа, а само 11 од британските.

Велат дека и во иднина резултатите ќе ги изразуваат во евра, а не во фунти.