Компаниите во трка за развој на вакцина против ебола

Производителот на лекови „Џонсон и Џонсон“ ја забрза работата на развој на експериментална вакцина против ебола и планира да произведе еден милион дози следната година, од кои 250 илјади би требало да бидат достапни до мај.

Моментно не постои вакцина против оваа смртоносна болест, но неколку компании работат на нејзин развој, при што тестовите се во тек.СЗО се надева дека десетина илјади луѓе во западна Африка вклучувајќи и здравствени работници, ќе можат да ја применат вакцината против еболата од јануари во рамките на клиничките тестови.

„Џонсон и Џонсон“ соопштија дека ќе ја тестираат вакцината на доброволци во Европа, САД и Африка од јануари додавајќи дека ќе се вложат 200 милиони долари во забрзан развој на вакцината. Компанијата порача дека бара партнери кои ќе и помогнат во напорите да се забрзат клиничките тестирања.

Од ебола до сега починале повеќе од 4500 лица во западна Африка, главно во Либерија, Гвинеја и Сиера Леоне.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.