Компанија од САД планира да инвестира во Македонија

Компанијата „Смарт колинг“ од САД ќе инвестира во Македонија, истакнал сопственикот на компанијата Ендру Лоза пред владината делегација во САД предводена од премиерот Никола Груевски, која преку бизнис форуми ги запознава потенцијалните инвеститори од Њујорк и повеќе други градови во САД со можностите за правење бизнис во Македонија.

Сопственикот на Smart cooling вели дека е импресиониран од услoвите кои ги нуди Македонинја за инвестирање и дека најдоцна до почетокот на идната година ќе допатува во Македонија да ги разгледа можностите за инвестирање.

– Ние имаме софтвер кој ја намалува потрошувачката на електрична енергија за 10-15 % месечно. Бараме место каде ќе го прошириме нашето производство во светот. Дојдов на оваа конференција за да дознаам за сите поволности кои се нудат, за цената на работната сила, за даноците, економската клима. И морам да признаам дека бев импресиониран, толку импресиониран што ќе допатувам во Македонија до крајот на оваа година или на почетокот на јануари за да можам да се уверам за сите поволности кои ги нуди земјата, со цел да започнеме производство, истакна Лоза.

„Смарт колинг“ е компанија која произведува делови од автомобилската индустрија, но и софтвер за редуцирање на зависноста од електричната енергија.