Компир салата со туна

Направете вкусна салата со туна. Идеален оброк за вас и вашето семејство, особено ако практикувате во петок да имате посна трпеза.

Состојки:

500 грама компир

2 поголеми конзерви туна

2 главици црвен кромид

100 грама варена пченка

100 грама шери домати

½ лажичка сол

магданос

Подготовка:

  1. Сварете го компирот со лушпа, а потоа исчистете го, исечкајте го на коцкички и посолете го.
  2. Во чинија ставете ја туната, кромидот исечете го на тенки резенки, шери доматот на четвртинки, а магдоносот ситно. Внимателно измешајте ги сите состојки и оставете да се олади пред послужување.